Центарот на МЗТ Скопје Аеродром го прифатил повикот на новиот спортски директор на репрезентацијата Заре Марковски повторно да биде дел од „црвено-жолтите“.
-Со големо задоволство можам да кажам дека се ставам на располагање на селекторот и на Македонската кошаркарска репрезентација со цел што подобро да ја претставам на Европското првенство 2015, изјави Самарџиски.
Тој играше за Македонија на претходните три еврошампионати, но не играше во квалификации за ЕП 2015.