Македонскиот кошаркарски репрезентативец Предраг Самарџиски потпиша краткорочен договор со Мега Лекс, објави денеска клубот од Белград на својата веб-страна.
Самарџиски ќе се приклучи на тренинзите по враќањето на екипата од Швајцарија каде Мега ќе одигра два пријателски натпревара.
29-годишниот Самарџиски (висок 214 сантиметри) игра на позицијата центар.
Професионалната кариера ја почна во Партизан, каде што помина четири години, потоа уште четири сезони настапуваше во ФМП, 2011/12 беше дел од турската екипа Олин, следуваше трансфер во Литвос, па во Црвена звезда, од каде повторно се врати во Турција прво во Мерсин, а потоа во ТЕД Анкара.
Минатата сезона беше член на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром. Во АБА лигата во дресот на „металците“ имаше просек 10,9 поени и 8,6 скока.