Саманта Стосур во финалето на турнирот во Осака

Од:

Австралиската тенисерка Саманта Стосур е втората финалистка на ВТА турнирот кој се игра во Осака, односно отвореното првенство на Јапонија.

Стосур во полуфиналето ја совлада Јелена Свитолина во два сета. Во првиот Украинката имаше и сет топка, но Стосур успеа да се извлече, и да го одведе сетот во тај-брејк кој го доби со 8:6.

Сепак, во вториот сет Австралијката, беше убедлива па на својата противничка и препушти само два гема, а сетот го доби со 6:2, за конечни 2:0 во сетови.

Противничка на Стосур во финалето ќе и биде Зарина Дијас од Казахстан, која исто така во два сета со 6:2 и 7:5 во полуфиналето беше подобра од Луксику Кумкум од Тајланд

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров