Словенецот Змаго Сагадин е новиот тренер на МЗТ Скопје Аеродром. Тој е третиот Словенец кој ќе седне на клупата на македонскиот првак.
Иако ова се неофицијални информации повеќе од сигурно е дека искусниот 62-годишен стратег ќе јна добие задачата да го повтори успехот на неговите сонародници Алеш Пипан и Зоран Мартич – освојување на двојната круна во домашниот шампионат.
Минатата сезона Сагадин го предводеше тимот на Хелиос Домжале и заврши на третото место во тамошното првенство зад Олимпија предводена од Алеш Пипан и шампионот Крка каде што тренер е македонскиот селектор Александар Џикиќ.