САД по продолжение подобри од Хрватска во финалето на СП за кошаркари до 19 години

Од:

Кошаркарите на САД го освоија Светското првенство за играчи до 19 години, откако синоќа во финалето по продолжение ја совладаа Хрватска со 79:71 (14:13; 20:18; 16:16; 17:20 и 12:4).

Хрватска пропушти шанса да го освои трофејот кога на четири секунди до крајот реализира само едно од двете слободни фрлања по што натпреварот отиде во продолжение.

Во малото финале Турција го совлада домаќинот Грција со 80:71 и го освои бронзениот медал.

Резултати на другите натпревари за пласман:

за 5.место – Канада – Италија 77:44;

за 7.место – Австралија – Шпанија 103:72;

за 9.место – Србија – Аргентина 77:76;

за 11.место – Египет – Кореја 101:88;

за 13.место Доминиканска Република – Иран 71:50 и

за 15.место – Кина – Тунис 80:68.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос