Најмалку три лица се повредени, еден руски навивач фатално, кога низ улиците на Варшава се судриле полските навивачи со руските.
Инцидентот бил толку сериозен што полицијата морала да користи предупредувачки истрели и водени топови.
Русите имале намера да се прошетаат низ градот пред натпреварот на својата репрезентација на Европското првенство во Полска кога се пресретнале со домаќините.
Кога пристигнала полицијата тие почнале да маваат по неа со камења и молотови коктели.
Сите тројца потешко повредени се со удари на главата.