Репрезентацијата на Русија е првиот финалист на Светското првенство во хокеј на мраз што се одржува во Белорусија откако во првото полуфинале ја победи Шведска со 3:1 (2:1; 1:0; 0:0).
Шведска поведе со голот Оскар Мелер, а потоа Русите направија пресврт со головите на Сергеј Плотников, Сергеј Широков и Андреј Белов.
Во второто полуфинале играат Чешка и Финска.
Натпреварите за распрелбата на медалите се играат утре.