Во дерби дуелот од 3. коло на Светското првенство во хокеј што се одржува во Белорусија, Русија вчеравечер убедливо ги победи САД со 6:1. За руските хокеари ова беше трета победа во низа.
На вториот натпревар од групата Б, домаќинот на шампионатот Белорусија ја совлада Швајцарија со 4:3. За Швајцарците ова беше трет пораз во исто толку средби.
Резултати од 3.коло во групата А: Канада – Чешка 4:3 и Франција – Словачка 5:3.
Табела А група: Канада 7 бодови, Норвешка 6, Шведска 5, Франција 5, Чешка 5, Италија 3, Словачка 1, Данска 0.
Табела Б група: Русија 9, САД 6, Белорусија 6, Германија 5, Летонија 3, Казахстан 1, Финска 0, Швајцарија 0.
Двојките за денешните натпревари се: Италија – Данска, Германија – Финска, Казахстан – Летонија и Норвешка – Шведска.