Русија исфрлена од натпреварувањата на ФИБА

Од:

Светската кошаркарска федерација (ФИБА) ги суспендира сите руски национални селекции од меѓународните натпреварувања, соопшти денеска Сергеј Чернов, член на извршниот одбор на ФИБА.

Тој рече дека Руската кошаркарска федерација добила писмо со кое се известува дека Русија во моментов не е на листата на ФИБА членки.

– Ние сега размислуваме како да се справиме со ново настанатата ситуација.

Дозволете Министерството за спорт и Рускиот олимписки комитет да најдат начин да ја решат ситуацијата, бидејќи „висат“ настапите на Европското првенство и Олимписките игри, изјави Чернов.

Одлуката на ФИБА доаѓа како резултат на скандалите и неправилностите при последните избори во Руската кошаркарска федерација.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос