Русија вечерва во големото финале со 5:2 ја совлада Финска во Минск, и со тоа стана светски првак во хокеј на мраз.
Тие им се одмазди на Финците за поразот во четвртфиналето на Олимписките игри во Сочи.
Головите за Русија ги постигнаа Алекс Овечкин, Евгениј Малкин, Сергеј Широков, Данис Зарипов и Виктор Тикхонов. Оли Палола и Лиро Пакаринен беа стрелци за Финска.
За Русија ова беше вкупно петто злато на Светските првенства по распадот на СССР, а дури четврто од 2008 година наваму.
Во борбата за третото место, Шведска со 3:1 ја победи Чешка, која следниот мај ќе биде домаќин на идното Светското првенство.