Додека мнозинството Руси едвај чекаат да дојдат топлите денови, властите на Русија ангажираа луѓе за собирање и складирање на снегот за зимските Олимписки игри 2014.
Две случувања, кои што се планирани како тест за Олимпијадата, беа откажани во февруари затоа што немаше доволно снег или дожд.
Тоа беше знак за вознемирување кај организаторите, кои стравуваа дека можат да се соочат со истиот проблем наредната година за време на траење на Олимписките игри.
Затоа одлучија да соберат околу 450.000 кубни метри снег и да го сочуваат за наредниот февруари.
-Не стравуваме дека ќе останеме без снег. Дури и ако падне малку снег, како минатата година ќе ги имаме овие 450.000 кубни метри, што е повеќе од доволно – изјави претставник на одмаралиштето Роса Хурот, Михаил Тигушкин.
Елена Георгиевска