Рубин противник на Работнички во баражот од Лига Европа

Од:

Руската екипа Рубин Казањ е ривалот на македонскиот претставник Работнички во баражот од Лига Европа. Рубин беше најнепосакуваниот противник за нашиот тим на денешното извлекување, кое се одржа во седиштето на УЕФА во Нион.

Според распоредот првиот натпревар ќе се игра во Скопје на 20.август, а реваншот е седум дена подоцна во Казањ. Оваа екипа има две титули шампион на Русија (2008 и 2009 година) и еднаш има триумф во Купот на Русија (2011/12). Во претходната рунда (3.то коло квалификации) Рубин ја елиминира австриската екипа Штурм со вкупни 4:3 (победа 3:2 на гости и 1:1 на домашен терен).

Двојки за баражот од Лига Европа:
Алтах – Белененсе ,
Стеауа – Розенборг,
Викторија Плзен – Војводина,
Јаблонец – Ајакс,
Молде – Стандард,
Жилина – Атлетик Билбао,
Зорја – Легија,
Милсами – Сент Етиен,
Јанг Бојс – Карабах,
ПАОК – Брондби,
Бордо – Каират,
Динамо Минск – Салцбург,
Либерец – Хајдук,
Панатинаикос – Кабала,
Астра – АЗ,
Краснодар – Хелсинки,
Лех – Видеотон,
Работнички – Рубин,
Атромитос – Фенербахче,
Саутемптон – Митјиланд,
Одд – Борусија Дортмунд,
Тун – Спарта Прага.

Победниците од овие 22 дуела ќе изборат пласман во групната фаза од Лига Европа заедно со 16 екипи кои директно се пласирани и 10-те поразени тимови од баражаот од Лигата на шампионите.

Би можело да ве интересира

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он

ВИДЕО: Тренерот на ПАОК сам нападна неколку навивачи на АЕК, ​​доби суспензија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Навивач го прекина едноминутното молчење за жртвите во Магдебург, цел стадион му одговори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фудбалерот на Монако тешко го повреди Донарума

Горан Наумовски