Рубиалес поднесе оставка како претседател на Шпанската фудбалска асоцијација

Од:

Претседателот на Шпанската фудбалска асоцијација, Луис Рубиалес, денеска поднесе оставка по големиот притисок и критики откако бакна во уста шпанскa фудбалерка по освојувањето на Светското првенство. Суспендираниот Рубиалес ја објави својата оставка преку порака на социјалната мрежа Х, порано позната како Твитер.

„По брзата суспензија од ФИФА и постапката што беше покрената против мене, јасно е дека не можам да се вратам на функцијата“, изјави Рубиалес.

Тој рече дека го известил привремениот претседател на Федерацијата Педро Рока за оставката.

На 20 август, во финалето на Светското првенство во Австралија и Нов Зеланд, Шпанија ја совлада Англија со 1:0 и за прв пат во историјата ја освои титулата светски шампион во женска конкуренција.

Заедно со многубројните фудбалски функционери и членовите на шпанското кралско семејство, Рубиалес ги поздрави фудбалерките на подиумот. Во присуство на 16-годишната принцеза Софија, тој ја бакна во уста шпанската репрезентативка Џени Хермосо. После тоа, тој се прегрна со некои други фудбалерки, како и со кралицата Летиција.

Тој се извини и рече дека тоа е взаемен гест, но Хермосо рече дека не и се допаѓа, не се согласува и го обвини Рубиалес за сексуален напад.

Шпанското обвинителство го обвини Рубиалес за сексуален напад.

Гестот на Рубиалес наиде на осуда од бројни спортисти и власти во Шпанија, а репрезентативките најавија дека нема да играат за репрезентацијата се додека тој е на чело на Федерацијата.

Тој во соопштението наведе дека инсистирањето на чекање нема да придонесе ништо позитивно за Федерацијата или шпанскиот фудбал.

Рубиалес ја предводи Фудбалската асоцијација од 2018 година.

Би можело да ве интересира

Навивачите му го свртеа грбот на Клоп: „Дали си луд?“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Масовна тепачка меѓу фудбалерите на натпревар во Србија, десет црвени картони

Предраг Петровиќ

Србија е поразенa од Шпанија со 3:0

Хрватска ја испушти предноста од два гола и ремизираше со Полска

Жесток удар за Ливерпул

Предраг Петровиќ

УЕФА ги казни Лацио и Атлетико поради расизам

Предраг Петровиќ