Рожер Федерер против „престрогите“ правила за облекување во Вимблдон

Од:

Седумкратниот победник во Вимблдон, швајцарскиот тенисер Рожер Федерер изјави дека правилата на овој турнир за носење на исклучиво бела облека за време на натпреварите, се „премногу строги“.

Ова е прв пат, Федерер да приговори против инсистирањето на организаторот на најстариот тениски турнир во светот, сите натпреварувачи во машка и женска конкуренција, да носат само бели поло маици и шорцеви, а во бела боја да бидат и лентите околу главата и стегачите на рацете.

Еден од најуспешните светски тенисери на сите времиња, минатата година имаше „проблеми“ со организаторите во Вимблдон, кога побараа од него да не ги носи врпците на патиките во портокалова боја.

Федерер годинава се спротивстави на „престоргите“ правила, забележувајќи дека кога гледал снимки од турнирите кога играле Германецот Борис Бекер или Швеѓанецот Стефан Едберг, открил дека „имало и нешто обоено“ во нивните дресови.

Извршниот директор на Сеанглискиот клуб за тенис на трева и за крокет, како што е официјалното име на организаторот на турнирот во Вимблдон, меѓутоа, не ги прифати приговорите на прославениот тенисер.

Во посебно соопштение, директорот Ричард Луис не го споменува Федерер, но е категоричен дека „правилата на турнирот ги обврзуваат тенисерите да се облекуваат во бело“.

Федерер смета дека Вимблдон и покрај својата традиција, која започнува во средината на 19 век, би требало да биде „помалку ригиден“ кога станува збор за правилата околу облекувањето на натпреварувачите.

– Мислам дека тие (правилата) се премногу строги, но јас ги политувам и ги разбирам, изјави во Лондон Рожер Федерер, изразувајќи надеж дека еден ден тие ќе се изменат.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров