Роуш го претстави својот најсилен Мустанг до сега

Од:

Американската компанија Роуш нуди Мустанг, со кој се оддава признание на прочуениот американски ловечки авион P-51 Мустанг кој одигра значајна улога во Втората светска војна.

Најсилниот Мустан до сега, зад кој стои Роуш, под предниот поклопец крие V8 мотор со 737 коњски сили и 827 Nm најголем обртен момент, што е остварено со инсталирање на 2,3 литарски Eaton механички компресор Phase 2.

Со дополнителните коњски сили стигнаа и нови 19-инчни ултра лесни алуминиумски бандажи Weld Racing, зад кои се кријат подобрени кочници, а тука е и новиот издувен систем. Купецот може да бира меѓу рачен или автоматски менувач.

Roush за комплетната доработка која се темели на Mustang GT, а која исто така вклучува и неколку нови каросериски (карбонски) компоненти, рачно боените назнаки P-51 и седишта во кожа чија боја одговара на бојата на јакните кои ги носеле пилотите на легендарниот ловечки авион, бара 42.500 долари на што треба да се додаде и цената на автомобилот која изнесува 33.195 долари.
Ексклузивитетот го оправдува фактот дека Roush ќе направи само 51 примерок.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска