Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо се радува што повторно ќе настапува за репрезентацијата на Португалија. Тој секогаш со гордост го носи националниот дрес.
– Секогаш е убаво да се вратите во националниот тим и да ја претставувате Португалија! – напиша Роналдо на Твитер и објави фотографија во репрезентативниот дрес.
На 7 септември Португалците ќе играат со Србија, три дена подоцна (10 септември) се среќаваат со Литванија.