Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг изјави дека во следната сезона смета на португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, пренесуваат британските медиуми.
„Талкспорт“ тврди дека Тен Хаг рекол дека Роналдо е клучен играч во сите планови за следната сезона и дека првите луѓе на Јунајтед не сакаат да го продадат португалскиот фудбалер.
Роналдо во саботата побарал да биде ставен на трансфер листата, објави британски „Тајмс“.
Оваа информација ја потврди италијанскиот новинар Фабрицио Романо, кој добро ја познава ситуацијата во клубот од Олд Трафорд.
“Роналдо не е задоволен од моменталната ситуација во Манчестер Јунајтед. Тој му кажа на клубот дека сака да замине ова лето во случај да добие добра понуда. Пораката на Роналдо до Јунајтед е јасна: Клубот не е амбициозен, бидејќи не покажа дека сака веднаш да се бори за шампионската титула.Ставот на „Јунајтед не е променет бидејќи клубот се уште сака да го задржи Кристијан, па веруваат дека тој не е на продажба“, изјави Романо.
Роналдо минатата година се врати во Јунајтед, но клубот од „Олд Трафорд“ не се пласираше во Лигата на шампионите.
Португалскиот фудбалер секоја сезона игра во Лигата на шампионите од 2003 година.
“Менаџерот на Роналдо, Жорге Мендеш веќе истражуваше различни опции во изминатите недели, разговараше со претставници на Баерн и Челзи, но се уште нема договор. ПСЖ не е на листата на заинтересирани. Роналдо нема проблем со Тен Хаг, но тој би сакал да види засилувања во Јунајтед, бидејќи е почеток на јули. Сите англиски клубови донесоа големи засилувања, а Јунајтед се уште преговара со неколку играчи“, изјави Романо.