Кристијано Роналдо во својата богата кариера освои дури пет златни топки, европската титула со Португалија, освои се што можеше да се освои со клубовите и ја проби границата од 900 постигнати голови.
Иако Португалецот има 39 години, тренерот Рене Меуленстин, кој дел од кариерата мина во Манчестер Јунајтед, откри кои други цели ги има Роналдо.
Тој наведува дека сигурно сака да постигне илјада голови на сите натпревари, додека друга цел е да игра заедно со својот 14-годишен син, кој моментно игра во фудбалската школа на Ал Наср.
„Сто проценти го сака тоа. Можеби тоа е неговата мотивација за работа. Одамна реков, нема да си замине како свеќа што полека гори, но кај сите има момент кога се случува нешто што те доближува до крајот, сакале или не. „Но, тој е фит, се грижи за себе и се обложувам дека би сакал да си игра со својот син“ – изјави Меуленстин.