Роналдо прв фудбалер со 100 гола во евро-куповите

Од:

Фудбалерот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо синоќа постигна два гола вредни победа над Баерн Минхен (2:1) и стана првиот играч со постигнати 100 погодоци во Лигата на шампионите и Лига Европа.

Португалецот најпрво во 47. минута на средбата во Минхен го постигна 99-от гол во евро-куповите, а 30 минути подоцна стигна и до 100. Од овие 100 гола Роналдо 84 ги постигнал во дресот на Реал Мадрид, а 16 настапувајќи за Манчестер Јунајтед.

– Среќен сум поради овој рекорд и сакав да го остварам. Голема чест е тоа што го постигнав против Баерн, изјави Роналдо по триумфот на „Алијанц Арена“.

Најблиску до Роналдо по бројот на постигнати голови на евро-сцената е неговиот голем ривал Лионел Меси кој досега 97 пати се запишал во листата на стрелците.

Би можело да ве интересира

За еден бакнеж екс претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија ќе плати 10.000 евра

А1он

Роналдо и го честита Денот на вљубените на Џорџина со фотографија од почетокот на нивната врска

Предраг Петровиќ

Роналдо Назарио да Лима – кандидат за претседател на Фудбалскиот сојуз на Бразил

А1он

Роналдо го постигна 915-от гол во кариерата и го предводеше Ал Наср до нова победа

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: 906 гол на Роналдо

Роналдо премина една милијарда следбеници на социјалните мрежи

Предраг Петровиќ