Роналдо: Продолжува ривалитетот со Меси

Од:

Кристијано Роналдо синоќа по петти пат ја освои „Златната топка“ која „Франс фудбал“ ја доделува на најдобриот играч за измината сезона. Роналдо кој победи пред Меси и Нејмар, изјави дека очекува и во иднина очекува да продолжи ривалитетот со Аргентинецот.

– Се надевам дека ќе играм на високо ниво и следните години. Исто така, се надевам дека битката со Меси продолжува. Работите се случуваат со причина. Се чувствувам многу добро во моментов, но ќе видиме што ќе биде крај на сезоната, рече Португалецот.

Се осврна и на Нејмар.

– Тој е голем потенцијал. Искрено верувам дека тој има големи шанси да ја освои оваа награда во иднина, нагласи фудбалерот на Реал Мадрид.

Роналдо додаде дека сака кариерата да ја заврши во Мадрид.

– Среќен сум во Реал, сакам да останам таму колку што може подолго, и се надевам дека во овој клуб ќе ја завршам мојата кариера.

Би можело да ве интересира

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он

ВИДЕО: Тренерот на ПАОК сам нападна неколку навивачи на АЕК, ​​доби суспензија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Навивач го прекина едноминутното молчење за жртвите во Магдебург, цел стадион му одговори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фудбалерот на Монако тешко го повреди Донарума

Горан Наумовски

Фудбалерите на Реал Мадрид по деветти пат станаа светски клупски шампиони

Роналдо Назарио да Лима – кандидат за претседател на Фудбалскиот сојуз на Бразил

А1он