Роналдо оваа година се враќа во португалската репрезентација

Од:

Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо објасни зошто побарал да не биде повикуван во португалскиот национален тим по Светското првенство 2018 година.

Изминатото лето 33-годишниот напаѓач се пресели од Реал во клубот од Торино и кажа дека му требало време да се прилагоди на новата средина.

– Во 2019 година повторно ќе бидам на располагање во националниот тим. Имавме договор дека нема да играм во првиот дел од сезоната. Имам 33 години, го сменив клубот, отидов од една во друга земја. Го сменив режимот на тренинг и соиграчите, изјави Роналдо.

Португалецот има најмногу натпревари за репрезентацијата – вкупно 154 и има најмногу постигнати голови за Португалија – 85.

Би можело да ве интересира

Роналдо Назарио да Лима – кандидат за претседател на Фудбалскиот сојуз на Бразил

А1он

Роналдо го постигна 915-от гол во кариерата и го предводеше Ал Наср до нова победа

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: 906 гол на Роналдо

Роналдо премина една милијарда следбеници на социјалните мрежи

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Португалците ја надиграа Турција за осминафинале на ЕП

Катерина Ѓуровски

По болниот крај на сезоната, Роналдо ги полни батериите за европското на егзотична дестинација