Роналдо останува во Јувентус, тврди спортскиот директор на клубот

Од:

Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи, изјави денеска дека Кристијано Роналдо ќе остане во редовите на актуелниот италијански првак и во следната сезона, наспроти шпекулациите за заминување на Португалецот.

-Ние веќе донесовме одлука и тоа е да го задржиме Роналдо во нашите редови. Тој е најдобриот светски фудбалер и ќе остане со нас, порача спортскиот директор на Јувентус за „Скај Спорт Италија“.

Договор на Роналдо со Јувентус истекува на лето 2022 година.

Шпекулациите за можно заминување на Роналдо и негово враќање во Реал Мадрид особено се засилија по последните резултатски неуспеси на Јувентус во Лигата на шампиони (ЛШ) и италијанското првенство. Јувентус беше елиминиран од Порто во осминафиналето во ЛШ, додека во Серија А заостанува десет бодови зад лидерот Интер на 11 кола до крајот на првенството.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Роналдо и го честита Денот на вљубените на Џорџина со фотографија од почетокот на нивната врска

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Влаховиќ си заминува од Јувентус

А1он

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година