Постигнувајќи два гола во победата на Манчестер јунајтед во премиерлигашкото дерби против Арсенал (3-2), португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо (36) дојде до неверојатна бројка од 801 голови на официјалните натпревари што во најсилните лиги во светот претходно не му успеало на никој друг.
Иако не постои унифицирана база на податоци за утврдување, кој е најдобриот стрелец на сите времиња, поголемиот број медиуми во светот се согласни дека Роналдо е првиот голгетер кому тоа му успеало.
Иако постои полемика околу неговиот статус на најдобар стрелец во машкиот фудбал, бидејќи бразилските легенди Пеле и Ромарио постигнаа над 1000 голови во своите кариери, статистичарите посочуваат дека португалскиот напаѓач е на чело на листата според постигнати голови на официјални натпревари. Чесите тврдат дека Јозеф Бичан, кој настапуваше во поранешна Чехословачка и во Австрија, постигнал 821 голови, но во таа бројка се вклучени и погодоци на неофицијални меѓународни натпревари.