ВИДЕО: Роналдо го турна навивачот кој му се приближи за да се фотографира со него

Од:

Легендарниот Португалец Кристијано Роналдо повторно е во центарот на вниманието, но овој пат поради инцидент со навивач што се случи непосредно пред квалификацискиот натпревар за Светското првенство против Ерменија.

Имено, еден од навивачите на Роналдо успеа да го помине обезбедувањето и да му се приближи на познатиот фудбалер, очигледно со намера да се фотографира со него. Сепак, Роналдо не го очекуваше овој контакт и видливо вознемирен, го турна навивачот, што беше снимено од камерите, а снимката брзо почна да кружи на социјалните мрежи.

Експертот за читање од усни, Никол Хиклинг, која го анализираше видеото од инцидентот за странските медиуми, фрли дополнителна светлина врз ситуацијата.

Според неа, Роналдо му рекол на навивачот.

„Реков, не повеќе. Оди си“, додаде тој додека се сврте.

„Би сакал да си одиш… оде*и.“

Испадот е во спротивност со долгогодишната репутација на Роналдо како спортист кој често се среќава со навивачи, дава автограми и позира за фотографии. Сепак, ова не е прв пат неговата импулсивна, намќореста страна да ја покаже јавно.

Би можело да ве интересира

Алкарас го закажа првиот спектакл со Синер

„Не ми дозволија да дојдам во Звезда и Партизан“

Шокантен одговор од Португалецот, играчот од средниот ред го прескокна Роналдо во изборот на најдобри фудбалери

Предраг Петровиќ

Фотографијата од репрезентацијата на Уганда до 15 години го обиколува светот, никој не верува дека овие играчи имаат 15 години

Шок во Минхен: Украинец го елиминираше Џумхур

Падна договор: Ловерњ во Партизан

Предраг Петровиќ