Роналдо го постигна 915-от гол во кариерата и го предводеше Ал Наср до нова победа

Од:

Фудбалерите на Ал-Наср го победија тимот на Дамак во Ријад во 12. коло од саудиската Премиер лига со резултат 2:0 и со тоа се вратија на третата позиција во тамошниот шампионат.

Домашните поведоа во 17. минута кога Роналдо успешно го реализираше пеналот. Тоа беше негов 20-ти гол од пенал откако пристигна во Ал-Наср. Воедно, 1:0 за домашните беше и резултатот од првото полувреме.

Домашните ја искористија бројната предност на десет минути пред крајот на натпреварот кога Роналдо го постигна својот втор гол на натпреварот за конечни 2:0. Тоа беше 915. гол на Роналдо во кариерата.

Ал-Наср ја прескокна Ал-Кадисија и сега е на третото место во Премиер лигата, додека Дамак е на 11-та позиција. Во следното коло ќе се одигра големо дерби меѓу prvacite Ал-Итихад и Ал-Наср.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Брутален нокаут во САД ги „освои“ социјалните мрежи

Пијастри ја покори Кина

Новоматик Македонија одличен пример за општествена одговорност

Предраг Петровиќ

Роналдо не го сакаат во Бразил

А1он

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронзен медал на Балканското првенство во Будва

Легендарен фудбалски тренер е во болница поради мозочен удар

А1он