Ромео Тревис нема да игра за Македонија на мечот против Унгарија

Од:

Американецот со македонски пасош Ромео Тревис нема да биде дел од составот на кошаркарската репрезентација на Македонија на последниот меч против Унгарија во квалификациите за Европското прветсво.

Тревис, кој беше најавуван како големо засилувања за македонската селекција, наместо да патува за Шолнок со останатите кошаркари, тој ќе замине порано на краток одмор во САД, пред да им се врати на клупските обврски во неговиот нов клуб, италијанскиот Канту.

Имено по завршувањето на средбата во Кавадарци и убедливиот пораз, В. Британија (62:89), по кој Македонија ги загуби сите шанси за ново учество на Евробаскетот, Американецот со побарал да си замине порано, а селекторот Драган Раца му дал дозвола за тоа, па во Шолнок „црвено-жолтите“ ќе играат и „без неговата помош“.

Македонската репрезентација за попладнево (во 15 часот), заминува за Шолнок каде во сабота од 16.30 часот, ќе го одиграм последниот меч од овој квалификациски циклус.

Не водејќи сметка дека во случај на нов пораз, Македонија може да остане и без место во „А” Дивизијата, односно во квалификациите за Светското првенство 2019 година, селекторот Раца сепак му дал дозвола на Американецот да си замине.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ