Автомобилската компанија „Рено“ на дополнителен сервис во Романија повлече над 2.000 автомобили „Дачиа Дастер“ заради проблеми во електронскиот систем на сирената, пренесе агенцијата Аџерпрес, повикувајќи се на соопштение на комисијата за заштита на потрошувачите.
Бројот на превозни средства што може да го имаат овој проблем во Романија изнесува 2.032.
Проверката на автомобилите во сервис ќе одземе околу еден час и ќе биде бесплатна, а сите трошоци се покриваат од компанијата.