Родригез мина во катарски Ал-Рајан

Од:

Колумбискиот фудбалски репрезентативец Хамес Родригез (30) ги напушти редовите на премиерлигашот Евертон и кариерата ќе ја продолжи во катарскиот клуб Ал-Рајан.

Времетраењето на договорот и висината на обесштетувањето не се соопштени.

Родригез се одлучи да замине од Евертон откако падна во втор план по тренерската смена во клубот од Ливерпул и доаѓањето на Рафа Бенитез на местото на Карло Анчелоти.

Родригез дојде во Евертон минатиот септември, откако го загуби првотимскиот статус во Реал Мадрид, а претходно не успеа да се наметне ниту во Баерн Минхен.

Би можело да ве интересира

Хамес оди во Атлетико за 10 до 15 милиони евра, според медиумите

Жарко Настоски

Реал со нова понуда за ѕвездата на Наполи

Драган Поповски

Арсенал започна преговори со Реал за Хамес

Наум Локоски