Робин Содерлинг најави пензија

Од:

Шведскиот тенисер Робин Содерлинг објави дека се повлекува од тенисот.

Тој од 2011 година нема одиграно ниту еден меч, поради болест (мононуклеоза). Во својата кариера освои вкупно 10 титули, а на Грен слем турнирите најголем успех му беа двата финални меча на Ролан Гарос – во 2009 година загуби од Рожер Федерер, а во 2010 година од Рафаел Надал.

Од болеста не успеа во целост да оздрави, а и брзо се заморуваше и не можеше да се врати по посакуваната форма, по што Содерлинг денеска и официјално стави крај на кариерата.

– Се до оваа година верував дека можам да се вратам во тенискиот врв, но заклучив дека никогаш нема да бидам доволно добар за да играм тенис на нивото кое го очекувам од себе. Ова е тешка одлука, но треба да го слушам своето тело. Воедно можам да бидам горд на својата кариера, изјави Содерлинг.

Шведскиот тенисер во тенискиот свет ќе биде запаметен како прв тенисер кој успеал да го победи Надал на Ролан Гарос во 2009 година (четвртфинале), а следната година исто во четвртфиналето го победи Федерер и го прекина неговиот низ од 23 настапи на полуфиналните мечеви на Грен слем турнирите.

Најдобриот пласман во кариерата му беше четвртото место во ноември 2010 година.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров