РК Вардар домаќин на првиот Супер Куп на Македонија

Од:

Актуелниот шампион на Македонија и куп победник Вардар во ко-организација со Ракометната федерација на Македонија во вторник (12 септември 2017) во 17 часот во салата во СЦ „Јане Сандански” ќе биде домаќин на првиот Супер куп. Противник ќе му биде екипата на Еурофарм Работник од Битола, финалист во последното издание на Купот на Македонија.

Од оваа сезона и во македонскиот ракомет ќе се игра Супер куп на двата тима што ги освоија трофеите. Но, бидејќи Вардар е освојувач на двојната круна, во првенството и Купот, наш ривал ќе му биде финалистот од Купот.

Во иднина Супер купот треба да стане традиција и да се игра пред почетокот на новата сезона во домашното првенство. А тоа во Македонија почнува следниот викенд. Вардар не учествува во првиот дел од првенството бидејќи настапува во регионалната СЕХА лига.

За Вардар овој ревијален натпревар ќе биде последна проверка пред гостувањето во Полска кај тимот на Висла Плоцк во рамките од првото коло на групната фаза од Лигата на шампионите.

Би можело да ве интересира

Бутел потпиша со Милошески

Вардар го освои трофејот на турнирот во Требиње

РФМ ја исплати премијата од 40.000 евра на сениорската репрезентација за пласман на ЕП 2020

Ана Ололовска

Северна Македонија заврши шеста на ЕХФ-шампионатот

Татјана Ташкова

Младите ракометарки го победија Косово на ЕХФ шампионатот

Пецаковски по четврти пат ќе го облече дресот на Металург