Ристовски: Министерството за спорт ќе ја дореновира салата ,,Наум Наумовски Борче“, што поради негрижата на Јакимовски стои затворена цела година

Од:

Ја разбирам политичката безидејност и немањето никакви проекти и веројатно, паниката од изборите и соочувањето со народот, но не можам да ја разберам потребата од ширење лаги и невистини.

Салата стои затворена цела годинa и од негрижата на градоначалникот се појавени повеќе оштетувања за кои, како институција, испративме фирма да ги санира.

Да го потсетам градоначалникот дека државата е таа што инвестирала 1.3 милиони евра, а не да слушаме како поставил канделабри и хортикултурно го уредил дворот, напиша на ФБ министерот за спорт, Борко Ристовски.

На целата јавност ѝ е јасно кој е Стевчо Јакимовски. Осуденик и човек кој е ставен на црна листа, кој според мои неофицијални информации, имал договор за закуп за некои негови блиски луѓе за кафулето и затоа е стравот и паниката на градоначалникот.

А, според договорот што тој го потпишал, салата е дадена на Општина Карпош на користење и тој никако немал право да ја реиздава или да издава под кирија просториите во салата.

Можеби тука е паниката и стравот!?

Голема е веројатноста за нова кривична пријава за градоначалникот и очигледно, тоа е единственото нешто по што тој се води.

Министерството за спорт ја презема обврската да ја дореновира салата „Наум Наумовски Борче“, бидејќи коалициските партнери на Стевчо Јакимовски ни тоа не знаат да го направат како што треба, а потоа веднаш да ја врати во владение на Општина Карпош.

За инвестициите што ги споменувате дека се од Стрелачката федерација на Македонија, ве упатуваме дека тоа се средства од Министерството за спорт кои беа дадени на таа федерација токму за таа намена.

Сигурен сум дека јавноста е презаситена од осуденици и политичари кои се на црната листа и за многу кратко време од денес тие ќе бидат историја. Историја која никогаш повеќе не смее да и се повтори на Македонија, напиша Ристовски.

Би можело да ве интересира

Осман: „Потресени сме“

Германија е првак на Европа, Бонга играч на натпреварот, Шредер МВП

Манчестер Сити го декласира Манчестер Јунајтед

Предраг Петровиќ

Ливерпул го победи Барнли со гол од пенал во судиското надополнување

Предраг Петровиќ

Грција освои бронза на Евробаскет 2025

Предраг Петровиќ

Ердоган оди на финалето на Евробаскетот во Рига, безбедносните подготовки започнаа пред полуфиналето