Бугарската екипа Рилски Спортист е победник на кошаркарскиот турнир „Куманово 2014“ на кој настапија и домаќинот Куманово, шампионот МЗТ Скопје Аеродром и Фени Индустри од Кавадарци.
Рилски Спортист синоќа во финалниот натпревар го совлада Фени Индустри со 100:94.
Третото место му припадна на домашната екипа која минимално со 75:74 го порази МЗТ Скопје.
За македонскиот шампион шампионот ова е трет пораз во последните пет дена. Претходно МЗТ загуби од Кожув и во полуфиналето на турнирот од Рилски Спортист.