Рикардо преговарал со Мекларен пред да потпише за Рено

Од:

Новиот пилот на Рено, Даниел Рикардо, потврди дека водел преговори со Мекларен пред да се одлучи каде ќе ја продолжи кариерата.

Минатата сезона тој објави дека го напушта Ред бул.

– Имав две средби со претставници на Мекларен. Ми се допадна тимот. Го ценам нивниот интерес. Оставија добар впечаток кај мене. Но, јасно е дека тимот сè уште нема достигнато високо ниво. Би било премногу оптимистички да одам таму. Затоа, ја отфрлив оваа опција. Се одлучив за Рено, бидејќи тимот бележи напредок во перформансите на болидот, изјави Рикардо.

Австралискиот возач во Формула 1, претходно четири сезони настапуваше за Ред бул.

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес