Рикардо го оштети новиот болид на Ред Бул

Од:

Возачот на Ред Бул, Даниел Рикардо, го оштети новиот болид Ер-Би 14 за време на денешното тестирање на британската патека Силверсон.

Инцидентот се случил на тестирањето во ограничени услови до 100 километри на влажна стаза, а според дел од британските медиуми оштетен е предниот дел, амортизерите и подот на возилото.

Од тимот на Ред Бул ги отфрлија ваквите тврдења и соопштија дека станува збор за помал инцидент и дека нема да има проблеми со болидот пред почетокот на претсезонските тестирања, кои започнуваат идната недела.

– Тешко е да се зборува за болидот само по неколку кругови, но првиот впечаток е добар. Гледам дека задниот дел е прилично стабилен дури и во тешки услови, истакна Рикардо.

Ред Бул минатата сезона победи во три трки, а оваа година има амбиција да се врати во борба за титулата.

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес