Свитолина: Ќе одам и во војна, ама финансиски покорисна сум со тенисот

Од:

Украинската тенисерка Елина Свитолина вели дека е покорисна надвор од Источниот фронт, отколку на самото бојно поле.

Свитолина истакна дека би војувала, но дека нејзината земја има поголема корист од донациите што ги собира.

„Дефинитивно би одела. Знам дека не сум во таква ситуација бидејќи имам семејство. Веројатно ми е покорисно да собирам пари отколку да бидам на фронтот. Собрав над 1,5 милиони евра за мојата земја во последните три години. Мислам дека ова е покорисно отколку да ми дадеш оружје” – рече Свитолина и додаде:

„Се обидувам да внесам малку среќа во секојдневниот живот на луѓето. Да споделувам среќни и тажни моменти со деца и жени чии сопрузи се на фронтот. За мене тоа е размена на енергија. Тоа ме исполнува“.

Свитолина е во брак со Французинот Гаел Монфис, со кој има дете.

„Гаел станува многу нервозен пред патувањето. Се плаши за мене и моето семејство. Разговарам со него и му ја објаснувам ситуацијата. Мислам на моето семејство, но чувствувам и голема болка за мојата земја. Јас сум еден од гласовите на Украина во светот. Ова е мојата мисија”, вели Свитолина.

Свитолина моментно е 23-та на ВТА листата, а во кариерата заработила речиси 25 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Познатата тенисерка планирала да оди на концерт, сега подарува билети бидејќи се уште игра на Вимблдон

Свитолина со најголем скок од ТОП 10 на ВТА листата

Наум Локоски

Вознијацки против Свитолина во финалето во Торонто

Наум Локоски