Ригорозни казни за КК Кожув по инцидентот во Гевгелија

Од:

Гевгелиската кошаркарска екипа Кожув, заработи ригорозни казни по инцидентот кој се случи по натпреварот со Работнички, одигран во саботата, а кој гевгелиската екипи го загуби по продолжение.

Комисијата за натпреварување при Македонската кошаркарска федерација, ги изрече казните, за актерите, кои по споменатиот меч физички и вербално ги нападнале тројцата судии.

Тренерот на Кожув Милош Пејиќ е суспендиран на една година поради остварен физички напад врз судиите. Суспензија од една година заработи и службениот претставник на клубот, Ѓоко Главчев.

Во мечот ос следното 4.кмоло против Фени Индустри во Кавадарци, гевгелискиот тим ќе настапи без: Филип Шепа, Слободан Дунџерски, Милан Јањушевиќ и Горан Главчев, кои заработија суспензија од еден натпревар.

Воедно, покрената е и дисциплинска постапка против претседателот на клубот, Томица Главчев, кој е член на УО на МКФ, кој од официјалните лица на натпреварот го пријавиле за физички напад.

Покрај овие казни, Кожув наредните два натпревари на домашен терен ќе ги игра пред празни трибини, а во касата на МКФ, гевгеличани  ќе треба да уплати неверојатни 248.000 денари или повеќе од 4.000 евра за прекршоците направени од играчите, тренерот и управата на клубот.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос