Италијанскиот клуб Сампдорија им понуди на Ривер Плејт и Бока Јуниорс реванш дуелот од финалето на Копа Либертадорес да го одиграат на неговиот стадион во Џенова.
Реванш мечот од финалето беше одложен откако навивачите на Ривер Плејт го нападнаа автобусот со фудбалерите на Бока Јуниорс, по што беше изречена забрана за играње на стадионот „Монументал“.
Се уште не е јасно кога ќе се одржи меч, а опции за негово одржување се и Северна Америка и Азија.