Реванш натпревари од третото квалификациско коло за Лига на шампиони

Од:

Денеска и утре ќе се играат реванш натпреварите од третото квалификациско коло за Лигата на шампиони, по кои ќе бидат познати сите екипи кои ќе играат во последната бараж рунда, пред групната фаза.

Најголема неизвесност се очекува вечерва во Белград на дуелот меѓу Црвена Ѕвезда и бугарскиот Лудогорец, односно утревечер во Монте Карло каде Монако го пречекува истанбулски Фенербахче.

Комплетните двојки и резултатите постигнати на првите натпревари се:

Вторник

18:30 Карабаг – Викторија Плзен (0:0 прв натпревар),

19:00 Динамо Тбилиси – Динамо Загреб (0:2),

19:00 АПОЕЛ Никозија – Розенборг (1:2),

20:30 Црвена Ѕвезда – Лудогорец (2:2),

21:00 Дандолк – БАТЕ Борисов (0:1),

Среда

19:45 Стеауа Букурешт – Спарта Прага (1:1),

19:45 Копенхаген – Астра Џурџу (1:1),

20:00 Хапоел Бир Шева – Олимпијакос (0:0)

20:15 Јанг Бојс Берн – Шахтјор Донецк (0:2),

20:30 ПАОК Солун – Ајакс (1:1)

20:30 Салзбург – Партизани Тирана (1:0),

20:45 Андерлехт – Ростов (2:2),

20:45 Селтик Глазгов – Локомотив Астана (1:1),

20:45 Легија Варшава – Тренчин (1:0) и

20:45 Монако – Фенербахче (1:2).

Победниците од оваа рунда ќе се пласираат во плејофот, односно последната елиминациска рунда пред групната фаза. Ждрепката за плејофот ќе се одржи во петок (5 август).

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Судијата го означи крајот, а играчот на Интер почна да го брка фудбалерот на Баерн на теренот

Лигата на шампионите ќе му плати на Галатасарај 350 илјади евра за настап на турнирот

УЕФА нема да делегира судии од Италија за мечевите во ЛШ и во ЛЕ

Клоп нема да се откаже од ЛШ заради Премиер лигата