„Рено“ во текот на 2012 и 2013 година ја обнови својата флота претставувајќи сосема нови и редизајнирани стари модели. Од францускиот производител, меѓутоа, веќе пристигнуваат детали за новите планови за во иднина.
Следниот нов автомобил што можеме да го очекуваме на крајот на 2014 година е новата генерација на моделот „Еспејс“. Ова мотоно возило на „Рено“ ќе биде поставено на новата CMF2 платформa којa овoј производител ја разви во соработка со „Нисан“, а на која веќе е темелен новиот „X-Trail“.
Што се однесува на дизајнот, „Еспејс“ треба да се темели на концептот „Initiale Paris“, што својата премиера ја имаше на франкфуртскиот авто-салон.
Новата, четврта генерација на моделот „Рено Меган“ е планирана за 2015 година. Семејството на овој автомобил ќе има повеќе членови отколку актуелната верзија, меѓу кои ќе биде и кросоверот. Овој модел во суштина претставува „Рено“ варијанта на „Нисан Кашкаи“ од втората генерација.
Шефот за дизајн на француската компанија, Лауренс ван ден Акер, тврди дека кросоверот на „Меган“ нема да биде само зголемен „Каптур“, како што можеби се мисли.
– Овој автомобил ќе има свој сопствен идентитет што ќе го издвојува од останатите модели од гамата, вели Лауренс ван ден Акер.
Тој додаде и дека следната генерација на моделот „Сеник“ ќе биде „повеќе ориентирана кон СУВ сегментот, иако ќе ги заддржи карактеристиките на мини-ван возилата“.
– Мојата задача е кросоверот на „Меган“ и новиот „Сеник“ да бидат доволно различни за да не си конкурираат еден на друг, објаснува Ван ден Акер.
За 2015 година во план е и почеток на продажбата на третата генерација од моделот „Твинго“. Малиот градски автомобил на „Рено“ може да има премиера веќе на саемот на автомобили во Париз, есента 2014 година, а со дизајнот ќе се додаде на спортскиот „Твин’Ран Концепт“.