Кошаркарот на Реал Мадрид, Ентони Рендолф е прогласен за најкорисен играч во 28.рунда од Евролигата.
Американецот во победата на Реал над Олимпијакос во Атина учествуваше со 21 поени и четири блокади, доволни за да собере 30 индексни поени на корисност.
Нандо де Коло од ЦСКА Москва стигна до 29 инд. поени, додека Мирослав Радуљица од Армани Милано дојде до 27 инд.поени.
Признанието за најдобар додавач отиде кај Милош Теодосиќ од ЦСКА Москва кој запиша 12 асистенции во победата над Уникс Казан, најдобри скокачи со по 10 скока се Екпе Јудо од Галатасарај и Виктор Клавер од Барселона, а најефикасни со по 22 поени во 28.коло беа Де Коло и Бред Вонамејкер од Дарушафака