Рекорд на Лисицки – сервираше со 210,8 км/ч

Од:

Германската тенисерка Сабине Лисицки постави нов рекорд во брзина на сервисот.

Таа ноќеска во Стенфорд (САД) на мечот со Ана Ивановиќ сервираше со 210,8 километри на час што претставува најбрз сервис во историјата на женскиот тенис.

Германката го загуби мечот со 2-0 во сетови 6:7 и 1:6.

– Ако ништо друго, барем поставив нов светски рекорд во најбрз сервис, напиша Лисицки на Твитер.

На вечната листа во најбрз сервис во женскиот тенис во ТОП 5 по Лисицки следуваат:

Венус Вилијамс (САД) 207,6 км/ч,
Серена Вилијамс (САД) 207,
Јулија Горгес 203 и
Бренда Шулц-Мекарти (Холандија) 202,7.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров