Рекорд на Јокиќ за нова победа на Србија на Евробаскетот

Од:

Кошаркарската репрезентација на Србија ја постигна својата трета победа во Групата А на Евробаскетот. Овојпат, орлите“ беа подобри од репрезентацијата на Латвија со резултат 84:80.

Орлите“ успеаја да се издигнат по нервозната игра против Португалија и забележаа многу важен триумф против Латвија – и тоа за помалку од 24 часа, без капитенот Богдан Богдановиќ, кој дефинитивно се повреди на грбот.

Најдобриот играч на Србија доминираше во рекетот. Јокиќ беше недопирлив, постигнувајќи историски 39 поени со 10 скока, 4 асистенции и 3 украдени топки.

Петрушев додаде 12 поени, а Гудуриќ 11, со по пет скока и асистенции.

За Латвија, Дејвис Бертанс го предводеше тимот со 16 поени и 10 скока, додека Кристапс Порзингис додаде 14 поени и шест скока. Ломагс заврши со 13 поени, додека Куруц и Шмитс додадоа по 10 поени.

По оваа драматична победа, Србија ќе го игра следниот натпревар по еден ден одмор, а противник ќе биде Чешка.

Би можело да ве интересира

Европскиот кошаркарски шампион на колена

А1он

Србија со стил го отвори Евробаскетот, поразена е Естонија со 34 поени разлика

А1он

Го пропушта воведниот меч на Евробаскет – стапна врз морски еж

А1он

Чичкото на Никола Јокиќ меѓу уапсените за падот на настрешницата во Нови Сад

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иванка Трамп му заблагодари на Јокиќ што го „дисциплинираше“ нејзиниот син

А1он