Центарот на Реал Мадрид, Фелипе Рејес беше задоволен од пласманот на неговиот тим во финалето на Евролигата. Тој ги пофали своите соиграчи за победата над ЦСКА Москва, а посебно го истакна придонесот на младиот Словенец Лука Дончич.
– Има само 19 години, а ига како да е ветеран со 35 години. Одолеа на притисокот што го носат ваквите натпревари. Не играше за своја статистика, тука за целиот тим. Лично сметам дека ова беше негова најдобра партија оваа сезона, бидејќи дојде во најважен момент, нагласува Рејес.
Реал Мадрид утревечер во финалето ќе се сретне со бранителот на трофејот, Фенербахче.