Редизајнираниот и засилен BMW M5 пристигнува во септември

Од:

Освежениот и засилен „БМВ М5“ за следната 2014 година на пазарот ќе пристигне кон крајот на оваа година, а на сопствениците на актуелната верзија ќе им биде понуден пакет со унапредувања што вклучува и зголемување на силата на моторот.

По помалку од две години од лансирањето на последната генерација модели М5, „БМВ“ подготвува забележливо стилизирана верзија. Измените во дизајнот ќе бидат дискретни и ќе ја опфаќаат маската на ладилникот и уште некои детали на предниот и задниот дел од автомобилот.

Токму овие делови на каросеријата се уште се камуфлирани на тестот на прототипот што е снимен на Нирбургринг.

Позначајни промени од оние козметичките се интервенциите на погонскиот систем. Така, 4.4-литарскиот twin-turbo мотор на редизајнираниот „БМВ М5“ ќе произведува 580 КС, додека максималниот обртен момент ќе биде 680 Нм. Благодарение на овие подобрувања, се очекува новиот „М5“ до стотка да стигнува и пред 4,4 секунди, колку што за истото забрзување и е потребно на сегашната верзија.

На сопствениците на актуелниот модел ќе им биде понуден пакетот „Competition“, што ќе ја зголеми силата на моторот за 15 КС. Покрај тоа, во пакетот се вклучени и унапредувања на потпирањето, нов „М“ волан, ексклузивни 20 инчни алуминиумски фелни и нов спортски издувен систем со темно хромирана завршна цевка.

Што се однесува до редизајнираната верзија за 2014 година, нејзините премироци се очекуваат во септември 2013 година, на самот на автомобили во Франкфурт.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска