Реал платил 160 милиони, наместо објавените 100 милиони евра за Азар

Од:

Познати се новите финансиски детали од трансферот на играчот за врска Еден Азар од Челзи во Реал Мадрид. Податоците во документите поврзани со плаќањата за трансферот на Азар, се покажало дека мадридскиот клуб ќе плати 160 милиони евра за Белгиецот, иако претходно беше објавено дека трансферот ќе го чини Реал околу 100 милиони.

Според правилата на ФИФА, клубовите за кои играл играч на возраст од 12 до 23 години мора да добијат до 5% од износот на трансферот. Во овој период, Азар играше за три клуба: белгиски Тубизе (до 2005 година), француски Лил (2005 – 2012) и Челзи во Англија (2012 – 2018).

Белгиските весници „Het Laatste Nieuws“ и „La Dernière Heure“, пишуваат дека Реал мора да му ги плати на Челзи парите за преминот Азар во три транши: 40 милиони евра во 2019 година, 56 милиони евра во 2020 година и 64 милиони евра во 2021 година.

Така, Тубизе доби 200 илјади евра во 2019 година, 280 илјади евра во 2020 година и треба да добие 320 илјади евра во 2021 година.

Би можело да ве интересира

Мбапе се израмни со Шукер, за рекорд му требаат уште 9 гола

А1он

За еден бакнеж екс претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија ќе плати 10.000 евра

А1он

На фудбалер на Реал му се заканува затворска казна – препраќал порно видеа со малолетници

А1он

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти оди со 23 играчи за дуелот против Манчестер Сити во Лигата на шампионите

(ВИДЕО) Прв хет-трик на Мбапе во дресот на Реал Мадрид

А1он

Челзи го враќа Тревор Чалоба од Кристал Палас