Екипата на Реал Мадрид успеа да се избори за финалето во кошаркарската Евролига откако синоќа пред своите навивачи го победи Фенербахче со 96:87. Ова ќе биде трето финале по ред за Реал Мадрид во последните три години, а двапати загуби 2013 од Олимпијакос и 2014 од Макаби.
Во полуфиналето против Фенербахче, Реал Мадрид решавачката предност ја направи во вториот период, кој го доби со 35:14. Густаво Ајон со 18 поени беше најефикасен кај победникот. Во првото полуфинале во неизвесен дуел Олимпијакос славеше победа од 70:68 против ЦСКА Москва.
Ова ќе биде трето финале на двата тима Реал Мадрид победи во 1995 година 73:61, додека Олимпијакос беше подобар 2013 година со 100:88.
Финалето се игра во недела, а во предигра ќе играат за третото место поразените тимови од полуфиналето Фенребахче и ЦСКА Москва.