Реал Мадрид последен учесник на „фајнл фор“

Од:

Екипата на Реал Мадрид е последниот патник на завршниот „фајнл фор“ турнир во Евролигата кој ќе се одржи во Милано.

Во петтиот решавачки дуел од четвртфиналната пресметка со Олимпијакос, синоќа во Мадрид, Реал славеше убедлива победа 83:69. По четвртини 18:12; 22:22; 19:18 и 24:17.

Серхио Љуљ со 20 поени го предводеше Реал до третата победа против атинскиот клуб, а двоцифрен број поени постигнаа Руди Фернандез – 15, Фелипе Рејес – 15 и Никола Миротиќ – 10.

Кај Олимпијакос се истакнаа Василис Спанулис со 19 и Метју Лоџески со 15 постигнати поени.

Вчеравечер преку „мајсторка“ полуфинале обезбеди и ЦСКА Москава која со убедливи 30 разлика (74:44) го елиминира Панатинаикос.

Од претходно пласман меѓу четирите најдобри екипи на турнирот во Милано имаа обезбедено Барселона и Макаби.

Завршниот турнир во Италија ќе се игра од 16 до 18 мај, кога Европа ќе добие нов кошаркарски шампион по елиминацијата на сеуште актуелниот Олимпијакос.

Би можело да ве интересира

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он

Миротиќ МВП за декември во Евролигата

Ана Ололовска

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига

А1он

Одложен уште еден натпревар во кошаркарската Евролига поради коронавирус

Ана Ололовска