Со одигрувањето на три натпревари комплетирано е 19.коло во кошаркарската Евролига. Серхио Љуљ со кош во последната секунда екипата на Реал Мадрид забележа победа на гостувањето во Германија кај Бамберг со 91:89, по што ја презема лидерската позиција на табелата од ЦСКА Моква која има идентичен скор како и Реал 14 победи и пет порази.
Тоа беше и единствениот триумф на гостинските тимови на трите натпревари одиграни вчера во Евролигата.
На преостанатите два победи славеа домаќините. Во Милано составот на Армани со 99:83 го совлада Олимпијакос, додека во турската пресметка Анадолу Ефес беше подобар од Дарушафака со 93:81.
На натпреварите одиграни во вторникот постигнати се овие резултати:
Уникс Казан – Фенербахче 81:86,
Галатасарај – Макаби 102:63,
Жалгирис – ЦСКА Москва 79:74,
Панатинаикос – Барселона 71:65 и
Басконија – Црвена звезда 69:87.
Табела: Реал Мадрид 14-5 (победи-порази), ЦСКА Москва 14-5, Олимпијакос 13-6, Фенербахче 12-7, Црвена звезда 11-8, Панатинаикос 11-8, Басконија 11-8, Дарушафака 10-9, Анадолу Ефес 9-10, Барселона 8-11, Бамберг 7-12, Жалгирис 7-12, Уникс Казан 7-12, Галатасарај 6-13, Макаби Тел Авив 6-13, Армани Милано 6-13.
Веќе денеска и утре ќе се играат средбите од 20. коло.