Реал Мадрид ја победи Оклахома по продолжение

Од:

Кошаркарите на Реал Мадрид синоќа забележаа победа против НБА лигашот Оклахома Сити во натпревар со постигнати 279 поени. „Кралевите“ победија со 142:137 по дополнителните пет минути, иако Оклахома во еден момент од првото полувреме имаше и 22 поени предност, а на пауза се отиде со 65:60.

Во второто полувреме Реал се разигра и стигна до 126:126 со тројката на Серхио Љуљ во последната секунда. Во продолжението домаќинот беше подобар со 16:11.

Најефикасен во победничкиот состав беше Џејси Керол со 24 поени, Љуљ реализира 22, Отело Хантер 19 поени.

Кај Оклахома Виктор Оладипо уфрли 34, а Енес Кантер 29 поени. Најдобриот играч на НБА лигашот Расел Вестбрук „застана“ на 18 поени.

За Реал ова беше втора победа над клуб од најсилната светска кошаркарска лига. Во 2007 мадридскиот тим го совлада Торонто.

Во рамки на својата европска турнеја Оклахома утре ќе игра со Барселона.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ