Фудбалерите на Реал Мадрид ја освоија 14-та титула во Лигата на шампионите во клупската историја.
Шпанскиот тим во големото финале беше подобар од Ливерпул со резултат 1:0, а стрелец на единствениот гол беше Винисиус во 59. минута од натпреварот.
Избраниците на Карло Анчелоти до победата стигнаа со само четири удари кон голот на Алисон (еден во рамката), додека 23 не му беа доволни на противникот покрај расположениот Тибо Куртоа.
Белгискиот голман одигра еден од натпреварите во кариерата и исто како и против ПСЖ и Сити, му овозможи на својот тим да слави на овој меч.